Top Sport

Варди е најдобар стрелец во ПЛ, а не е во плановите на Саутгејт за ЕУРО2020

Џејми Варди оваа сезона постигна 17 гола за Лестер во Премиерлигата, но најверојатно нема да добие повик од селекторот на „Гордиот Албион“, Герет Саутгејт.

„DailyMail“ пишува дека селекторот го нема Варди во првиот план. Наводно предност, по повредата на Хари Кејн имаат Тими Абрахам (Челси), Маркус Рашфорд (Јунајтед), Дени Ингс (Саутемптон) и Калум Вилсон (Бурнамут).

Варди за Англија дебитираше пред 5 години, а последниот меч за селекцијата го одигра против Хрватска во полуфиналето на СП 2018 во Русија.

Саутгејт реши да го гради костурот на тимот со млади играчи, па 33-годишниот напаѓач не му се вклопува во визијата.
Англија на ЕУРО 2020 ќе игра против Хрватска, Чешка и победникот на плеј-оф од Лигата на нации, група Ц.

Scroll to Top