Top Sport

Рома бара замена за Заниоло – решение Сусо од Милан!

Занеме „Олимпико“ во Рим синоќа кога на тревникот падна Николо Заниоло, младата ѕвезда на Рома. Потврдено е дека офанзивецот ја заврши сезоната поради кинење на предните вкрстени лигаменти.

Веднаш луѓето од спортскиот сектор тргнаа во потрага по решение , а во овој момент на повидок се две солуции – Сусо и Матео Политано.

Медиумите на „Чизмата“ јавуваат дека спортскиот директор на Рома, Џанлука Петраки стапил во контакт со челниците на Милан за да се распраша за можноста во Рим уште во јануари да го доведе играчот од средниот ред на „Росонерите“, Шпанецот Сусо. Наишол на одобрување од другата страна.

Милан некое време се обидува да се ослободи од Шпанецот, а цената драстично му падна поради лошите игри во претходните 6 месеци, па фудбалерот е далеку од оние 30 милиони евра што за него беа барани летоска.

Со доаѓањето на Стефано Пиоли позицијата на Сусо дополнително се закомпликува, па разделба е единствено логично решение.

Наводно денеска Сусо бил виден во „Каса Милан“ каде отишол да преговара околу можно заминување, а поради фактот што агент му е Мино Раиола, тоа не би требало да е проблем.

За шпанскиот интернационалец моментно се заинтересирани Хетафе, Валенсија и Севилја.

Втората опција за Рома е Матео Политано, но Интер подолго време сака него да го испрати во Милан, а во замена кај Нероазурите да дојде Френк Кеси.

Scroll to Top