Лестер стигна до тешко извојувана 1:0 победа над Вулверхемптон, за да ја продолжи неочекуваната „вртелешка“ на првото место на Премиер лигата, заменувајќи го Тотенхем, кои само неколку часа беа први.
Човек на одлука, како многу пати досега, беше Џејми Варди, откако англискиот напаѓач во 15. минута го постигна единствениот гол од пенал, а во 39. минута неговиот удар беше одбранет од голманот Руи Патрисио. И покрај ова, Варди сега може да се пофали дека дал голови на сите клубови од Премиер лигата и дека влегува во топ 20 на стрелци во историјата на Премиер лигата.
Лестер сега се први со 18 поени, пред Тотенхем со 17, но може да го загубат првото место за неколку часа, доколку Ливерпул го победи Манчестер сити на „Етихад“ во дербито на колото. Вулверхемптон се на 8. место со 13 поени.