Top Sport

Варди го продолжи договорот со Лестер

Ветеранот Џејми Варди го продолжи договорот со Лестер, со што паднаа во вода сите најави дека тој би можел да се пресели во Манчестер јунајтед.

Според новиот договор, Варди, на стадионот „Кинг Пауер“ ќе остане до 2024 година. Практично до крајот на кариерата.

Според новиот договор тој ќе остане во Лестер уште две сезони, нема да биде изненадување доколку го продолжи уште еднаш. Најдобрата инвестиција на „Лисиците“ во овој век – пристигна од Флитвуд во 2012 година за 1.240.000 евра – постигна 153 гола на 335 натпревари и учествуваше во најголемите успеси на клубот. Со 24 гола ја потпиша славната титула во Премиер лигата, а со четири придонесе за освојување на ФА Купот пред две сезони.

Џејми Варди во претходните две сезони постигна 15 погодоци во Премиер лигата. Тој стана најстариот играч кој ја освоил Златната копачка во Премиер лигата и постави рекорд од 11 последователни натпревари на кои постигна гол.

Scroll to Top