Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди ја освои „Златната копачка“ во Премиерлигата.
Тој сезоната ја заврши со 23 гола, еден повеќе од Пјер Емерик Обамејанг од Арсенал и Дени Ингс од Саутемптон.
На денешните мечеви од последното коло, голгетерот на Арсенал двапати се запиша во листата на стрелците, додека Ингс забележа еден погодок во триумфот на „светците“.
Само тројца играчи сезонава имаа дабл-дабл учинок, односно двоцифрен број на погодоци и асистенции – Мохамед Салах (Ливерпул), Кевин де Брујне (Манчестер С) и Сон Мин (Тотенхем).
Салах ја заврши сезоната со 19 гола и 10 асистенции, Де Брујне имаше скор 13/10, а Сон постигна 11 гола и имаше 10 асистенции.