Top Sport

Варди не заборави на стариот клуб Флитвуд (видео)

Џејми Варди беше повреден за гостувањето на Лестер сити кај третолигашот Флитвуд таун, но не заборави на својот поранешен клуб при 0:0 гостувањето на „Хајбери“.

Во мај 2012 година, Лестер сити го купија Варди додека тимот беше во Чемпионшип од Флитвуд таун, клуб кој тогаш не беше во првите четири официјални англиски лиги за рекорден трансфер од 1 милион фунти. Тој беше еден од клучните луѓе за да помогне Лестер да се врати во Премиер лигата во 2014, а во 2015/16 да ја освои Премиер лигата во една од најшокантните сезони во Англија. Покрај тоа Варди настапуваше за Англија и на Евро 2016.

30-годишниот Варди е повреден, но беше на стадионот со неговата сопруга Ребека, а портпаролот на Флитвуд, Вил Вот откри дека тој не заборавил на својот тим.

„Да не го заборавиме Џејми Варди кој откако дозна дека нашиот потпретседател, 87-годишниот Тед Лауери е во болница, веднаш побара телефон од него и му се јави. Никогаш не заборави на нас“, вели Вот.

Scroll to Top