Најдобриот фудбалер во историјата на Вартекс, Велдин Кариќ ќе се врати во клубот од Вараждин, кој по многу сезони во елитата на хрватскиот фудбал, сега игра во четвртата лига – меѓужупаниската лига Чаковец-Варждин.
45-годишниот Кариќ својата кариера ја почнал во далечната 1992 година во тимот на Железничар, а по настапите за Војводина и Марсонија играше за Торино и Лугано, пред во 1997 година да дојде во Вартекс, каде што остана седум години. Во 2004 година тој прави трансфер во Динамо Загреб, а иако пред седум години почна со тренерската кариера, тој реши дека има што да покаже и на теренот како играч.
„Постојат многу фудбалери, но само еден е Велдин Кариќ! Неуништлив и во 45. година, тој активно игра фудбал и од оваа сезона повторно ќе биде во дресот на Вартекс. Добредојде, иконо“, пишува на официјалната Фејсбук страница на Вартекс.