Килијан Мбапе во иднина ќе стане фудбалер на Реал Мадрид, бидејќи сака да оди „подалеку“ од било кој друг фудбалер, вели поранешниот потпретседател на Монако, Вадим Василјев.
Францускиот напаѓач се пресели во Пари Сен-Жермен од Монако во 2017 година, прво на позајмица, откако излезе од школата на клубот од кнежевството и ги предводеше до титула во 2016/17. Меѓутоа, во последно време, тој е во конфликт со неговиот тренер Томас Тухел и најави дека сака „нов предизвик“ каде што тој ќе ја има главната улога.
Василјев, вели дека сакал да го продаде Мбапе на Реал Мадрид, но дека самиот тогашен тинејџе не го сакал тоа.
„Зошто не отиде во Реал? Ми кажа: ’Вадим, мислам дека е прерано, јас сум од Париз, и не сакам бргу да заминам од земјата, сакам да станам прво голем фудбалер тука’. Тој сака да победува, а таков фудбалер мора да стигне до Лигата на шампионите. Уште подобро ако ја освои во Париз, но мислам дека во иднината ќе биде во Реал Мадрид. Тој е ист како Кристијано Роналдо“, вели Василјев.