Top Sport

Васоски дебитира против Силекс, Шкендија домаќин на Брегалница

Некомплетното четврто коло од Првата фудбалска лига е закажано за денеска, со почеток во 16.30 часот, а во фокусот е камбекот на Александар Васоски на клупата на Вардар. Тој ќе дебитира на денешниот дуел против Силекс, а вардарци се пред императив да победат откако ги загубија трите меча на стартот од сезоната.

Шкендија во Тетово ја пречекува Брегалница и сака да го продолжи максималниот ефект во шампионатот.

Македонија ЃП по поразот од Работнички ќе мора да се „вади“ против Шкупи на домашен терен, а тоа воопшто нема да биде лесна задача.

Гостивар, кој исто така е во незавидна позиција и со три порази по првите три кола, ќе биде домаќин на Работнички.

Утре ќе се игра натпреварот меѓу Брера и Тиквеш во Струмица, додека дуелот меѓу Воска Спорт и Струга Трим Лум е закажан за 27.септември, поради настапот на шампионот во плеј-офот од Конференциската лига.

Scroll to Top