Top Sport

Васоски го одбил Ајнтрахт Франкфурт за да биде тренер на Сараево

Александар Васоски ја почнува тренерската авантура со Сараево, имаше успех во Купот, а се надева на одлична полусезона и во првенството на БиХ. Целта е излез на европска сцена, а за неговите амбиции со Сараево доволно говори фактот дека го одбил и Ајнтрахт Франкфурт за да седне на клупата на култниот босански клуб. Ова го открива неговиот агент и близок пријател, Никола Ѓошевски, за босанските медиуми.

„Јас и Васоски немаме врска агент-тренер, кумови сме, семејни пријатели. Игравме заедно во Вардар. Тој веќе покажа дека има тренерски квалитет во Македонија, се виде дека го надмина тоа ниво и дека е време за нешто ново, а на крајот како опција се појави Сараево. Бараа тренер кој форсира млади луѓе и игра офанзивно, токму по тоа е познат Васоски, па брзо ’кликна’ работата со челниците на клубот. Тука беше шампион на Вардар со млади играчи, а кога се распадна клубот го повика Горан Пандев во чиј клуб покажа и капацитет. Има направено многу со тим со многу мал буџет“, изјави Ѓошевски.

Тој откри дека Васоски имал опција и да замине повторно во Ајнтрахт Франкфурт, но го одбрал Сараево.

„Васоски беше одличен играч, со години играше во Бундес – лигата… Ќе ви откријам дека од Ајнтрахт Франкфурт сакаа да работи во нивната младинска школа, но тој одби и избра да се докаже самиот како тренер во сениорскиот фудбал. Според мене, тој може далеку да оди со тренеската кариера“, истакнува Ѓошевски.

Scroll to Top