Top Sport

Васоски и Сараево со реми во дербито на БиХ

Иако без големо резултатско значење, дербито на Сараево помеѓу Сараево и Железничар секогаш предизвикува многу внимание, возбуда и тензија, и така беше во 146. пресметка на двата градски ривали, која заврши нерешено 1:1.

Асмир Суљиќ во 8. минута донесе водство за „бордо“ тимот, на чија клупа е македонскиот стратег Александар Васоски, а резултатот беше израмнет во 66. минута, кога по слободниот удар за Же1о, Амер Дуповац ја смести топката во сопствената мрежа.

Сараево останува на четвртото место со 43 поени, неверојатни 34 поени зад веќе крунисаниот шампион Зрињски Мостар, додека Железничар е  петти со 39 поени. Единствената шанса на Сараево за пласман во европските купови е преку победа во финалето на Купот на БиХ, каде што играат против Вележ.

Scroll to Top