Top Sport

Тајсон нема да биде обвинет за тепачката во авионот

Поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон нема да биде обвинет за инцидентот во авионот минатиот месец, кога тепаше еден досаден фан, потврди обвинителството во Сан Матео, Калифорнија.

„Го разгледавме извештајот на полицијата на Сан Франциско и Сан Матео и различните видео-докази и одлучивме дека нема да има обвинение против господинот Тајсон поради условите под кои дојде до конфронтацијата. Тука го вклучуваме однесувањето на жртвата пред инцидентот, разговорот со Тајсон, како барањето на двајцата да нема обвинение“, се вели во објавата.

Тајсон тврдеше дека се соочил со „агресивен патник“ кој почнал да го малтретира и фрлил со шише вода кон него пред летот од Сан Франциско до Форт Лодердејл, Флорида. Двајцата беа приведени од полицијата, а потоа пуштени.

Тимот на Тајсон објасни зошто легендата го истепа „напорниот“ фан

Scroll to Top