Top Sport

Васоски прв кандидат за клупата на Сараево

Поранешниот македонски репрезентативец, а сега тренер на Академија Пандев, Александар Васоски е прв кандидат за испразнетата клупа на Сараево, тврди порталот „SportSport.ba“.

Сараево се без тренер по отказот кој го доби Хрватот Горан Саблиќ по слабите резултати,  за сега 42-годишниот Васоски да биде типуван како негов заменик.

Васоски, кој во кариерата играше и во Ајнтрахт Франкфурт, беше тренер на Вардар, пред да замине во Академија Пандев, каде што со клубот на Горан Пандев успеа да стигне до второто место по есенската полусезона.

Scroll to Top