Мечот меѓу Борац Бања Лука и Зрињски Мостар беше последен пред плеј-офот во првенството на Босна и Херцеговина, и иако мечот заврши „мирољубиво“, малку е да се каже дека теренот не беше погоден за игра.
Тренерот на Зрињски, лидерот во Премиерлигата на БиХ, легендарниот Блаж Слишковиќ по мечот беше бесен што дојде „наредба“ од Сараево мечот да се одигра.
„Не би сакал да го коментирам натпреварот. Немаше шанси да покажеш ништо на овој терен. Јас не сум тренер по ватерполо да играм тука. Судијата Владимир Бјелица беше согласен дека мечот не треба да се игра, но од Сараево дојде наредба дека нема откажува“, вели Слишковиќ, тренерот на актуелниот шампион.
„Хајлајтсот“ од натпреварот е навистина смешен.