Top Sport

„Вау! За мене платија 126 милиони евра“

Фудбалерот на Атлетико Мадрид Жоао Феликс рекол дека не чувствува притисок поради сумата која клубот ја плати за неговите услуги. Португалецот, кој минатиот месец наполни 20 години, во Мадрид пристигна од Бенфика за 126 милиони евра.

„Не се оптоварувам со цената. Но кога потпишав си помислив, Вау! Се трудам секојдневно да напредувам“, рекол Феликс.

Од почетокот на сезоната Феликс одиграл 18 натпревари, постигнал четири гола. Минатата сезона во Бенфика постигнал 20 гола на 43 натпревари.

„Златното момче“ во изборот на „Тутоспорт“ вели дека позитивно ги разбира сугестиите од тренерот Диего Симеоне.

„Тоа што тој го зборува не се негативни работи, ме насочува да ја унапредам мојата игра. Знам точно што мисли, ќе се обидам да бидам уште подобар, да покажам многу повеќе“.

Атлетико на половина од сезоната се наоѓаат на четвртото место на табелата со седум бода помалку од водечкиот тим во Ла Лига, Барселона.

Scroll to Top