Top Sport

„Професорот“ Невил: 5+ за Ливерпул и Шефилд, двојка за Манчестер Јунајтед (Видео)

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Гери Невил кој работи како аналитичар за телевизијата „Скај Спорт“ како професор го оценил она што го прикажеле тимовите во Премиер лигата, од почетокот на сезоната до Божик.

Невил, еден од најдобрите десни бекови во својата генерација, целата кариера ја мина во Манчестер Јунајтед.

Постигнатите резултати на „црвените ѓаволи“ тој ги оценил со „слаба“ двојка. Според него клуб со реноме на Јунајтед секогаш мора да игра во Лигата на шампионите.

Највисоки оценки „5+“ од Невил добиле Ливерпул и Шевилд, а чиста петка им пишал на Лестер.

Ливерпул имаат 16 победи и реми во 17 одиграни натпревари во Премиер лигата, додека Шефилд Јунајтед со седум победи се наоѓаат на петтата позиција на табелата, иако на ови тим му предвидуваа дека ќе се бори за опстанок.

Единици од аналитичарот на „Скај Спорт“ добиле Арсенал, Евертон и Вотфорд.

Арсенал вложија многу пари во летниот преоден рок, прогнозите беа дека ќе бидат во Топ 4 меѓутоа Божик го дочекаа на 11 место на табелата. Слична е ситуацијата со Евертон, овј тим се наоѓа на 15 позиција, додека Вотфорд се приказна за себе, заковани се за последната позиција во Премиер лигата.

Scroll to Top