Швајцарскиот репрезентативец Фабијан Шер потпиша нов, двегодишен договор со Њукасл.
Еден од омилените играчи на тренерот Еди Хау е награден за добрите игри со нова договор. Тој ќе биде столб на одбраната на тимот во следните две години.
Шер ја одиграл секоја минута за Њукасл на 22 од 24 натпревари од доаѓањето на Еди Хау. Истакнал дека е многу среќен поради потписот, велејќи дека овој клуб е неговиот „втор дом“.
Тоа е прв од многуте потписи што ќе ги обезбеди Њукасл во наредниот период, до почетокот на новата сезона.