Удинезе на две кола пред крајот на сезоната во Серија А дојде до важни 3 бода во борбата за опстанок. Тимот од Удине сега е на 16 позиција на табелата со 37 бода, а има 2 повеќе од Емполи кој е во зоната на испаѓање.
Удинезе како гостин славеше против Фросиноне со 3-1. Стрелец на првиот погодок за гостите беше Окаке во 11 минута, во 41 Самир поведе на 2-0, а во последните моменти од првиот дел Окака со својот втор гол носи убедливи 3-0 за Удинезе.
Конечните 1-3 беа дело на Диониси во 85 минута.
Емполи кој исто така води грчевита борба за опстанок славеше нагости кај Сампдорија во Џенова со 1-2.
Поведе гостинската екипа преку Фериас во 56 минута, а на 0-2 зголеми Ди Лоренцо во 75. Поразот на домашните го ублажи Кваљарела со гол од пенал во 91 минута.
Емполи и покрај победата е во опасната зона и на позиција која носи разигрување за опстанок во лигата.