Top Sport

Ѓер се ракометни шампионки во Европа, третпат по ред (видео)

Тимот на Ѓер од Унгарија по третпат во низа го освојува пехарот за најуспешна ракометна екипа во женска конкуренција. Предмалку ракометарките на унгарскиот шампион во финалето во Будимпешта го совладаа рускиот преставник Ростов Дон со 25-24, на полувремето беше 15-11.

Oва претставува петта освоена титула во последните шест години за ракометарките на Ѓер.

Во првите дваесетина минути се играше изедначено, на моменти Русинките беа подобри па преку Абинг и Виехурева дојдоа и до водство. Сепак искусните домашни ракометарки се консолидираа, и го презедоа водството, па на полувреме заминаа со пристојни 4 гола предност.

Во вториот дел Ѓер цело време одржуваше разлика од 3-4 гола предност се до последните десетина минути кога ракометарките на Ѓер не успеваа во неколку наврати да го пронајдат патот до противничката мрежа.

Ростов се доближи и се влезе во неизвесна завршница. За тоа придонесоа и двата црвени картони за домашните ракометарки, за Грот, а подоцна и за Аморим.

Инфаркт завршница и бркотница по теренот. На 25 секунди до крај Ростов погоди пенал за 24-25.
Унгарките по тајм-аутот не ги послушаа советите на тренерот, брзо биеја, непрецизно, по што останаа десетина секунди за напад за израмнување и продолженија.

Сепак Русинките како да се исплашија од можноста, немаа ориентација уште колку време има до крајот на мечот и шансата отиде во неповрат.

Најдобри поединки кај Ростов-Дон беа Абинг со 7 гола и Манагарова, односно Вјахирева со 5, додека кај победничките македонската снаа, Едуарда Аморим постигна седум, а ветеранката Горбич шест погодоци.

Scroll to Top