Top Sport

ВБА го отпушти Тони Пјулис

Фудбалскиот клуб Вест Бромвич Албион објави дека по низата од десет натпревари му е врачен отказ на менаџерот Тони Пјулис. ВБА во саботата на домашен терен запиша пораз од Челси 0:4 и остана на 10 бода по 12 натпревари во Премиер лигата.

Пјулис со ВБА добро влезе во новата сезона, во првите три кола забележа исто толку победи, но од тој момент до саботата во сите натпреварувања четири пати одиграа нерешено и забележаа седум порази.

Првиот асистент на Пјулис, Гери Мегсон, до именувањето на новиот менаџер ќе го предводи тимот.

ВБА во наредното 13. коло во Премиер лигата, на 25 ноември, ќе гостува кај Тотенхем.

Scroll to Top