Top Sport

Кејн: Сакам кариерата да ја минам во Тотенхем

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, за германски „Билд“ рекол дека нема намера да го напушти Тотенхем, иако шпанските медиуми го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид.

Хари Кејн игра брилијантно во 2017 година поради што кон себе го сврте вниманието на најдобрите европски клубови, а медиумите најчесто го поврзуваат со Реал.

„Целта ми е целата кариера да ја минам во Тотенхем. Имаме фантастичен тим, одличен тренер, професионален тренажен центар, а ќе добиеме и нов стадион. Овде сум среќен“, изјавил стрелецот на 13 гола во новата сезона за „Билд“.

Тотенхем во саботата загуби во дербито на северен Лондон од Арсенал (2:0), а Кејн на теренот беше до 75. минута. По 12 натпревари во Премиер лигата, Тотенхем се наоѓа на четвртото место со 23 бода.

Scroll to Top