Top Sport

ВБА го отпуштија менаџерот Алардајс

Сем Алардајс повеќе не е тренер на фудбалерите на ВБА. По поразот од Вест Хем на домашен терен, екипата која пред десет испадна од Премиер лигата, остана без менаџерот. Некој друг менаџер, наредната сезона, ќе се обиде експресно да го врати клубот во елитната англиска дивизија.

„Биг Сем“ стана менаџер на ВБА, во декември минатата година, кога отказ доби Славен Билиќ. Алардајс ги презеде ВБА кога еба претпоследни на табелата.

И покрај тоа што забележа неколку сензационални победи (5:2 против Челси во Лондон, 3:1 над големиот ривал Вулверхемптон), Алардајс не успеа да го спаси клубот од испаѓање.

Во Англија „Биг Сем“ е познат како експерт кога е во прашање борбата за опстанок, успеа во минатото да остане во лигата со Кристал Палас, Вест Хем, Сандерленд, но ни е и со ВБА.

Scroll to Top