Top Sport

ВБА живее со сонот за опстанок – се вратија за 2:2 со Ливерпул (видео)

Вест Бромвич Албион се вратија од два гола негатива за со 2:2 да освојат поен кој може да биде клучен за опстанок во Премиер лигата, и во исто време нарушувајќи му го на Ливерпул расположението пред Лигата на шампионите.

Дени Ингс го отвори резултатот уште во четвртата минута, пред Мо Салах да постигне уште еден гол во 72. минута за победата да изгледа толку блиску за „Црвените“, но ВБА се врати прво преку Ливермур, пред Рондон со глава да израмни во 88. минута. „Бегис“ потоа тргнаа и по трите поени, но не успеаја да го совладаат уште еднаш Кариус.

Со овој резултат, Вест Бром се на осум поени зад Свонси (последниот тим кој е на „безбедно“), иако велшкиот клуб има натпревар помалку.

Scroll to Top