Top Sport

Надал како воз преку Димитров

Рафаел Надал уште еднаш покажа дека европската пролет на земјена подлога е неговиот најдобар период откако со 6:4/6:1 го победи Григор Димитров за пласман во финалето на Мастерсот во Монте Карло, каде што ќе ја брка својата 11. титула од малото кнежевство.

Димитров се бореше храбро во првиот сет кој траеше повеќе од еден час, но Надал потоа го скрши неговиот отпор и го победи Бугаринот по 11. пат во 12 мечеви досега.

Светскиот број 1 се пласираше во своето 12. финале во Монако во последните 14 години откако го доби мечот за час и 32 минути. Ова беше 67. победа на Надал во 71 меч на турнирот, а уште една негова фантастична статистика на земја се победи во 34 сета во низа.

За своја 76. АТП титула Надал ќе се бори со Кеи Нишикори или Александер Зверев, но кој и да е противникот, Шпанецот е апсолутен фаворит.

Фото: ЕПА

Scroll to Top