Американскиот репрезентативец Тимоти Веа побарал од управата на Лил да му дозволи да го напушти клубот веќе во јануари со пристојна отштета, пишуваат европските медиуми.
Синот на славниот Жорж Веа има договор со францускиот тим до јуни 2024 година, но нема намера да го продолжи.
Досега најсериозен интерес за 22. годишниот фудбалер покажаа Севилја и Борусија Менхенгладбах, но нивните понуди беа одбиени последните денови. Од почетокот на сезоната, Веа одигра само 10 натпревари за Лил во Лига 1, но нема постигнато ниту еден гол.
Неговата цена на пазарот се проценува на 12 милиони евра.