Поранешниот напаѓач на Милан, а сега претседател на Либерија, Џорџ Веа во интервју за италијанскиот „Калчомеркато“ признава дека има малку време да го гледа својот поранешен клуб во акција, но дека верува дека под водство на неговиот поранешен соиграч, Паоло Малдини, кој е спортски директор во клубот, може да се вратат славните денови.
„Дали ги гледам мечевите? Да, бидам искрен многу малку, но знам дека Милан има одлична сезона и дека можат до скудетото. Не можам да давам проценка, но знам дека имаат млад тим. Зборував со Малдини неколку пати, а честопати си праќаме СМС пораки. Тој е среќен, оптимистички расположен и ми ги фалеше фудбалерите како Рафаел Леао и Тео Ернандез. Имам доверба во Паоло, бидејќи тој е човек на Милан од почеток до крај, некој кој може да донесе само добро за тимот. Покрај тоа има огромно сфаќање за фудбалот“, вели Веа.
Тој признава дека е импресиониран од Златан Ибрахимовиќ.
„Ибра е легенда, има страст за фудбалот и покрај годините. Јас играв со Пјетро Верховод, кој исто така играше во своите 40-ти, а и Паоло не престана рано. Ако има желба и здравје, нека продолжи до 50!“, додава Веа.