Реал Мадрид, вечерва ќе го пречека Наполи во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“ во минатото коло обезбеди пласман во осминафиналето, додека Наполи тоа треба да го направи во наредните две средби. Едно е јасно доколку Наполи победи ќе обезбеди нокаут фаза.
Добра вест за Карло Анчелоти е што Реал не му гори под нозе, бидејќи има многу повредени играчи. Критична е ситуацијата во редот за врска, бидејќи Анчелоти не може да смета на Французите Камавинга и Чуамени,а веројатно ќе отсуствува и Модриќ.
Проблемите со повредите го принудија Анчелоти за вечерашниот дуел да повика неколку фудбалери од вториот тим, Реал Кастиља.
Меѓу 21 играч кои се во составот за настап има и неколку интересни имиња. Трет голман ќе биде 21-годишниот Лукас Кањизарес, синот на славниот Сантијаго, а за мечот е пријавен и Тео Зидан, синот на легендата на Реал Зинендин Зидан.
Тео е третиот син на Зизу поранешен играч и тренер на Реал. Тео е висок 196 сантиметри, информациите од Шпанија говорат дека игра добро сезонава за Реал Кастиља под водство на поранешниот соиграч на Зизу, Раул.
Доколку дебитира тој ќе биде четвртиот од семејстовот Зидан кој одиграл официјалн меч за Реал. Покрај славниот Зинедин, можност да настапат за првиот тим на реал во минатото добија браќата на Тео, Лука и Енцо.