Top Sport

Вечерва ќе бидат извлечени групите во Лигата на шампиони

Вечерва во Монте Карло, со ждрепка, ќе бидат одредени составите на групите во Лигата на шампионите за сезоната 2018/2019.

Почетокот на извлекувањето е закажано за во 18 часот. Првото коло на програмата е на 18. и 19.септември, а последното, шесто коло ќе се одигра на 11. и 12.декември.

Во пресрет на ждрепката УЕФА ги објави составите на „шеширите“. Првиот го предводат градските ривали од Мадрид, Реал и Атлетико како актуелни победници во Лигата на шампионите и Лига Европа. Носители уште ќе бидат и шампионите на Германија (Баерн), Шпанија (Барселона), Италија (Јувентус), Франција (ПСЖ), Англија (Манчестер сити) и Русија (Локомотив Москва).

Вториот „шешир“ е резервиран за Борусија Дортмунд, Порто, Манчестер јунајтед, Шахтјор, Бенфика, Наполи, Тотенхем и Рома.

Најзвучно име во третиот „шешир“ е она на финалистот од мината сезона, Ливерпул. Покрај „цвените“ тука се и Шалке 04, Олимпик Лион, Монако, Ајакс, ЦСКА Москва, ПСВ Ајндховен и Валенсија.

Од последниот „шешир“ своите противници ќе ги чекаат Викторија Плзен, Клуб Бриж, Галатасарај, Јанг Бојс, Интер, Хофенхајм, Црвена звезда и АЕК Атина.

Scroll to Top