Црвена звезда го доби 160. издание на „вечното“ белградско дерби против Партизан со 2:1 победа со која направи чекор кон одбрана на титулата од Срспката суперлига.
Звезда дојде во водство во 60. минута откако Бен беше соборен во шестнаесетникот, и беше прецизен од белата точка. Во 81. минута, Звезда зголеми на 2:0 откако Вукановиќ го совлада Стојковиќ по еден брз контра-напад. Надеж за поен во финишот Партизан доби откако и за нив беше досуден пенал, а Рикардо беше прецизен.
По 33 кола, Звезда има 48 поени, шест повеќе од Раднички Ниш, кои одиграа само 2:2 против Чукарички примајќи гол во 91. минута. Партизан е само петти со 31 поени