Top Sport

Веднаш прифатиле намалување на платите – Меси „удри“ по челниците на Барселона

Капитенот на Барселона Лионел Меси на социјалните мрежи објавил дека тој и соиграчите се согласиле платите да им бидат намалени за 70 отсто. Играчите се согласиле платите да им бидат намалени за да можат останатите вработени во клубот редовно да ги добиваат платите. Во објавата на социјалните мрежи Меси не ја пропуштил можноста да ги критикува челниците поради притисокот што го извршиле врз играчите.

„Многу нешта беа кажани и напишани за екипата на Барселона и платите на фудбалерите откако започна вонредната ситуација. Прво сакам да кажам дека од почетокот се согласивме да ни ги намалата платите бидејќи го разбираме проблемот. Секогаш сме биле први кога требало да ју се помогне на клубот. Многу пати сме помагале и на сопствена иницијатива. Поради тоа не можеме да им се изначудиме на луѓето од клубот што нас не ставија во центарот н вниманието и вршеа притисок врз нас да направиме нешто за што се согласивме од самиот почеток. За конечен договор беа потребни повеќе денови бидејќи го баравме најдобриот начин како да им помогнеме на клубот и вработените. За да можат вработените да земаат 100 отсто од нивните плати ние се согласивме да дадеме пари и нашите да бидат намалени за 70 отсто“, напишал Меси.

Scroll to Top