Top Sport

ЦИЕС: Вредноста на фудбалерите намалена за 30 отсто

Пандемијата која ја предизвика вирусот КОВИД-19 предизвика намалување на пазарната вредност на фудбалерите за 28 отсто објави Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС).

Според овој извор вкупната пазаран вредност на фудбалерите што играат во петте најсилни европски национални првенства сега изнесува 23,4 милијарди евра, а пред прогласувањето на пандемијата изнесувала 32,7 милијарди евра.

Според оваа студија најмногу пари изгубил фудбалскиот клуб Барселона (366 милиони евра) или 31,3 отсто, а следуваат Реал Мадрид (350) и Пари Сен Жермен (302).

Кога се работи за фудбалерите најмнигу вредноста му паднала на Пол Погба. Според ЦИЕС пред кризата неговата пазарна вредност изнесувала 65 милиони евра, а сега тој е проценет на 35 милиони евра.

Scroll to Top