Top Sport

Вегхорст ги крена Волфсбург на четвртото место во Бундеслигата

Волфсбург продолжи со фантастичниот старт на новата сезона во Бундеслигата, победувајќи ги со камбек Ајнтрахт Франкфурт со 2:1 за да се искачат на четвртото место на табелата.

Тимот на тренерот Оливер Глазнер, покрај Баер Леверкузен се единствените во Германија кои немаат пораз по 11 кола (5-6-0 скор) и сега имаат 21 поен, само два помалку од лидерот Баерн Минхен (иако Баварците имаат меч помалку).

Против „орлите“, акцијата се одвиваше во второто полувреме. Гостите први дојдоа во водство во 62. минута со гол од пенал на Бас Дост, но во 76. минута, и домаќините постигнаа гол  од белата точка преку Вут Вегхорст, а Холанѓанецот во 88. минута обезбеди победа за „волците“. Со овие два гола Вегхорст има фантастични 9 гола во 11 меча.

Scroll to Top