Холандскиот напаѓач Вут Вегхорст наскоро би требало да стане играч на Манчестер jунајтед.
Фудбалерот на Бешикташ треба да пристигне на „Олд Трафорд“ на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп на договорот.
Со тоа, Вегхорст ќе се врати во Премиер лигата каде што имаше лош период во Барнли пред клубот да испадне во Чемпионшип минатата година.
Потоа летово се пресели во Бешикташ, каде на 17 натпревари во сите натпреварувања постигна девет гола и забележа четири асистенции, што повторно го стави на радарот на врвните европски клубови. Помогна и Светското првенство каде постигна два гола против Аргентина во четвртфиналето.
Дека преговорите завршуваат и дека неговиот трансфер во Јунајтед е сигурен, покажува и неговото славје против Кашимпаша кога се збогуваше со фановите на Бешикташ.
🚨 Wout Weghorst celebration tonight, he’s linked with a loan to #MUFC. pic.twitter.com/fEoVk7wT6G
— UtdPlug (@UtdPlug) January 7, 2023