Поранешниот фудбалер на Челси и Манчестер сити, Вејн Бриџ наводно ја поставил својата куќа на продажба откако Џон Тери се доселил во близина, тврдат британските таблоиди.
Тери и неговата сопруга Тони купиле огромна куќа во Сареј, јужна Англија за 4.35 милиони фунти, која за „несреќа“ се наоѓа на неколку минути од домот на Бриџ. Според таблоидот „Сан“ бидејќи ќе биде многу тешко да избегнат да се сретнат, Бриџ и неговата сопруга Френки решиле да ја стават својата куќа на продажба за 5.5 милиони фунти.
Можеби е чиста случајност, но секако не смее да се заборави на конфликтот на двајцата англиски фудбалери, кои претходно беа соиграчи и во Челси и во англиската фудбалска репрезентација. Нивните односи драстично се нарушија, кога поранешниот капитен на „сините“, Тери имаше краткотрајна врска со поранешната девојка на Бриџ, Ванеса Перонсел, со која има син, само неколку недели по нивната разделба.
Во 2010 година, Бриџ одби да се ракува со Тери пред 4:2 победата на Манчестер сити над Челси на „Стемфорд бриџ“. Карлос Тевез, кој постигна два гола, покажа со прст кон Бриџ по обезбедувањето на титулата, а сите фудбалери на Сити носеа маички со порака „Тим Бриџ“.