Top Sport

Вејн Руни го презема Бирмингем

Легендарниот англиски фудбалер наскоро ќе го преземе тимот од Чемпионшип.

Вејн Руни во неделата спогодбено го раскина договорот со Ди-Си Јунајтед со порака дека „Ништо не е договорено“.

Сепак, само еден ден подоцна од Островот пристигна информација дека легендарниот англиски фудбалер ќе го преземе Бирмингем, а тоа го потврди италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Бирмингем моментално е шести во Чемпионшип, со 18 бодови, дури 12 помалку од водечкиот Лестер, а десет од Ипсвич. Инаку, Бирмингем има две врзани победи во против Хадерсфилд (4:1) и Вест Бромвич Албион (3:1).

Руни ја започна својата тренерска кариера во Дерби Каунти, а потоа работеше во Ди-Си Јунајтед.

Руни најголемиот дел од својата кариера, од 2004 до 2017 година, го мина во Манчестер Јунајтед, претходно настапуваше за Евертон, во кој се врати по период поминат на „Олд Трафорд“. Последните два клуба на Руни беа Ди-Си Јунајтед и Дерби Каунти.

Scroll to Top