Легендата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни во петокот официјално стави крај на својата фудбалерска кариера откако беше поставен за постојан менаџер на Дерби каунти, по што доби фантастични комплименти од негови поранешни клубови, соиграчи и ривали.
Многумина веднаш се потсетија на времето кога почнуваше, односно прво неговиот неверојатен гол против Арсенал во дресот на Евертон, но и шест години претходно кога 10-годишниот Руни покажуваше фантастични квалитети со топката и, секако, неверојатно чувство за гол.
Инаку, иако тој стана херој на Евертон и легенда на Манчестер јунајтед, Руни започна во училишниот тим на ривалите Ливерпул, за кои имаше рекордни 72 гола во една сезона.