Поранешниот напаѓач на англиската репрезентација, Вејн Руни си замина од Евертон и потпиша договор со тимот од американската МЛС лига, Ди Си јунајтед, потврди премиерлигашот.
„Евертон и Вејн Руни се договорија за раскин на договорот и на трансфер на фудбалерот во Ди Си јунајтед на постојан трансфер. Руни ќе ги комплетира формалностите околу трансферот по отварањето на преодниот рок во МЛС на 10 јули“, велат од Евертон.
#NoWayneNoGain pic.twitter.com/HfbLmCsBOq
— D.C. United (@dcunited) June 28, 2018
Руни потпишал три и пол годишен договор со американскиот клуб, а договорот вреди 10 милиони фунти, со што Англичанецот станува најскапиот играч во историјата на Ди Си јунајтед, тим за кој ќе дебитира на 14 јули.
„Преселбата во Америка и МЛС е остварување на уште една амбиција за мене. Имам глад да успеам и во САД и ќе дадам 100 отсто за во тоа да успеам“, изјави Руни.
Околу рекордниот голгетер на Манчестер јунајтед и Англија подолго време се врзуваа шпекулации за преселба во САД, откако помина само една година по враќањето во Евертон. Тој заминува од Премиер лигата како втор најдобар стрелец во историјата со 208 гола. Пред него е само Алан Ширер со 260 голови.
? | @WayneRooney has today joined @dcunited.
Goodbye and good luck, Wayne! ?
More ➡️ https://t.co/yH7jRZelWC pic.twitter.com/41EFUFUZFC
— Everton (@Everton) June 28, 2018