Легендата на Манчестер јунајтед и на англиската репрезентација, Вејн Руни си поднесе оставка од позицијата менаџер на Дерби каунти по 18 месеци, велејќи дека на клубот кој е во тешка финансиска ситуација и кој испадна од втората англиска лига му е потребен некој со „свежа енергија“.
Руни ја заврши својата кариера токму во Дерби каунти, пред да стане менаџер во ноември 2020 година. Дерби на стартот на минатата сезона влегоа во стечај и испаднаа од лигата откако им беа минусирани 21 поени
„Во текот на летото ги следев настаните околу сопствеништвото на клубот, а денеска се сретнав со стечајните управници за да ги информирам за мојата одлука. Време е да заминам од клубот. Тие се обидоа да го сменат моето мислење, но не успеаја. Уживав во предизвикот, но мислам дека сега на клубот му е потребен некој со свежа енергија кој не бил под влијание на случките од последните 18 месеци. Ќе се сеќавам на моето време во Дерби со голема љубов и сакаам да се заблагодарам на навивачите за фантастичната поддршка. Се надевам ќе се сретнеме во некои посреќни времиња. На крај, свесен сум дека има заинтересирани луѓе за клубот, на кои ќе им порачам дека ова е клуб со голема историја и големи навивачи“, вели Руни.
Долгорочната иднина на клубот останува неизвесна, иако тие ќе можат да ја стартуваат сезоната во Лига 1, откако добија краткорочен заем од локалниот бизнисмен Дејвидд Клоувс, кој го купи стадионот на клубот, „Прајд парк“. Клоувс планира да го купи клубот, но за тоа ќе бидат потребни околу 50 милиони фунти.
Wayne Rooney has today informed Derby County Football Club that he wishes to be relieved of his duties as first team manager with immediate effect.#DCFC
— Derby County (@dcfcofficial) June 24, 2022