Top Sport

Вејн Руни со маестрален потег донесе победа за Ди Си јунајтед (видео)

Кога Ди Си јунајтед решија да го донесат Вејн Руни во американската МЛС лига очекуваа од него големи работи. Какви што покажа во неделата во дуелот со Орландо сити.

Во 96. минута од мечот, при резултат 2:2, Орландо тргна во контра-напад, а Вејн Руни беше последниот во одбраната бидејќи нивниот голман беше истрчан напред. Но, тогаш Руни не само што ја „исчисти“ топката, туку имаше и неверојатно нафрлање за неговиот тим да стигне до 3:2 победа.

Ретко кој го може ова!

Scroll to Top