Top Sport

Пеп до Менди: Доста седиш на Твитер! Менди му одговори на Твитер

Пеп Гвардиола јавно го искара својот фудбалер Бенжамин Менди, велејќи дека е тешко да се работи со него поради тоа што постојано „виси“ на социјалните мрежи. 24-годишниот Французин му врати, нормално, со порака на Твитер.

Менди имаше две асистенции во неделната 2:0 победа кај Арсенал, и Гвардиола го повика да размислува повеќе на тоа како да стане подобар фудбалер, отколку на социјалните мрежи.

„Менди е Менди. Понекогаш сакате да го убиете, а понекогаш не верувате каков фудбалер е. Тој ни дава енергија и може да биде уште многу подобар, но само ако го убедиме да ги заборави социјалните мрежи“, вели Гвардиола.

Менди одговори преку Твитер со кратка порака: „Упс!“, по што вети дека ќе се обиде да го послуша тренерот.

Scroll to Top