На денешен ден пред седум години со освојување на последната титула од Премиер лигата, се пензионираше Сер Алекс Фергусон, легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед и еден од најголемите во историјата на спортот.
Под него, Јунајтед освои неверојатни 38 трофеи, меѓу кои и 13 титули од Премиер лигата, пет ФА куп трофеи и две титули од Лигата на шампионите.
Мечот против Свонси не беше многу важен, бидејќи Јунајтед веќе беа шампиони, а во исто време се пензионираше и Пол Сколс, за емотивно попладне на „Олд Трафорд“.
„Би сакал да ве потсетам дека кога имавме и лоши моменти, клубот стоеше зад мене, сите фудбалери стоеја зад мене. Сега е време да стоите зад новиот менаџер. Тоа е важно“, изјави тогаш Сер Алекс.
По ова следуваше, можеби неизбежниот, пад на клубот, кој оттогаш освои само два трофеи – ФА купот и Лига Европа, а честопати не играше ниту во ЛШ. Тренерите се менуваа како на лента – Дејвид Мојс, Луис ван Гал, Жозе Мурињо и сега, конечно, Оле Гунар Солскјер.