Еден Азар вечерва (19 часот) ќе им биде претставен на навивачите на Реал Мадрид. Белгиецот во најславниот клуб во светот доаѓа од Челси, а Реал за него платија 100 милиони евра.
Интересно, Азар допрва треба да го официјализира трансферот но во Дубаи, во официјалната продавница на Реал, веќе се продава седумката со презимето на најдобриот белгиски фудбалер.
Десетката му е омилена на Азар, но овој број во Реал веќе има сопственик, Лука Модриќ. Поради тоа Белгиецот ќе ја добие седумката која во минатото ја носеле легендарни играчи на „кралскиот клуб“: Хуанито, Емилио Бутрагењo, Раул и Кристијано Роналдо.