Top Sport

Великани се збогуваа со Меси – силни зборови од Роналдињо, Нејмар, Ди Марија, Модриќ…

Лионел Меси го одигра последниот натпревар за аргентинската репрезентација, а денот на неговото збогување беше обележан со емотивни сцени низ целата земја.

Збогувањето со Меси не беше само аргентински настан. Пораките дојдоа од целиот фудбалски свет, од поранешни соиграчи и пријатели до големи соперници кои го делеа теренот со него во текот на изминатите две децении.

Меѓу првите што се огласија беше Нејмар, со кого Меси создаде историја во Барселона, потоа повторно играше заедно во Пари Сен Жермен, но исто така водеа големи дуели како ривали играјќи за Бразил и Аргентина.

„Не е само Аргентина таа што ти се заблагодарува. Светот ти се заблагодарува за сè што направи за фудбалот“, рече Нејмар.

Бразилецот додаде дека за него е чест да игра против Меси, но уште поголема е што создавал историја со него.

„Ти благодарам што ме натера да го засакам фудбалот уште повеќе“, напиша Нејмар.

Луис Суарез, уште еден член на познатото трио на Барселона од МСН и еден од најблиските пријатели на Меси, исто така испрати порака. Уругваецот му посака да ужива во последниот натпревар и нагласи колку многу му значеше репрезентацијата.

„Повеќе од се го заслужуваш признанието од сите луѓе поради твојата кариера и она што го претставуваше за твојата земја. Биди многу горд“, рече Суарез.

Пораката на Роналдињо беше особено емотивна, човекот кој му помогна на Меси на почетокот на неговата кариера во Барселона и на кого Аргентинецот му асистираше за првиот сениорски гол во дресот на каталонскиот клуб.

„Какво задоволство и каква радост што бев дел од твојата приказна од првиот ден, брате. Нè насмеа толку многу и нè натера да уживаме во фудбалот. Твоето име е во историјата на твојата земја, на целиот свет“, напиша Роналдињо.

Бразилецот, исто така, потсети на сонот на секое момче кое ќе почне да ја шутира топката – еден ден да ја претставува својата земја и да стане светски шампион – со порака до Меси да ужива во животот сега.

Лука Модриќ, еден од неговите најголеми ривали во текот на претходните две децении, исто така се збогува со Аргентинецот. Хрватскиот капитен зборуваше за Меси по натпреварот на репрезентацијата против Шпанија.

„Што да кажам за Меси? Жал ми е што си заминува, но тоа е негова одлука и треба да се почитува. Тој го освои Светското првенство што го сакаше“, рече Модриќ.

Тој се потсети на бројните дуели со Аргентинецот.

„Беше задоволство да играм против него, иако многу страдав и со Хрватска и со Реал Мадрид. Беше задоволство да го гледам. Тој е уникатен играч и му посакувам среќа“, додаде Модриќ.

Серхио Агуеро, пријателот и кум на Меси, исто така пристигна во „Монументал“. Заедно поминаа низ јуниорски селекции за репрезентацијата, големи турнири, порази и конечно најголемите успеси.

„Знам колку страдаше во тешки моменти со репрезентацијата“, рече Агуеро, додавајќи дека секогаш ќе биде тука за својот пријател – да разговараат, да пијат мате, да се смеат или да плачат заедно.

Анхел Ди Марија беше со Меси во текот на речиси целата негова репрезентативна кариера. Заедно, загубија финале на СП, ја освоија два пати Копа Америка, Финалисимота и Светското првенство во Катар.

„Гледајќи го толку среќен и смирен, со сознанието дека даде сè, и нас нè прави среќни. Тој треба многу да ужива и треба да му благодариме до крајот на животот“, рече Ди Марија.

За разлика од некои претходни збогувања со репрезентациите, Ди Марија не сакаше ниту симболични неколку минути на теренот.

„Не, завршив. Ќе го гледам однадвор и ќе уживам, како сите Аргентинци, во овој последен танц“, рече тој.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');