Македонскиот репрезентативец, Крсте Велкоски го продолжил договорот со ФК Сараево. Новиот договор важи до јуни 2021 година.
Велкоски е миленик на навивачите на Сараево и капитен на тимот. Напаѓачот во 2014 година од Работнички се пресели во Сараево, а по две години го напушти клубот и се пресели на далечниот Исток.
Во 2017 година повторно го облече дресот на Сараево.
„Задоволство е што се договоривме и што ќе настапувам за овој клуб и во иднина. Се надевам дека ќе ги оствариме нашите цели за оваа сезона“, рекол Велкоски.
Сараево, есенскиот дел од сезоната, го заврши на првото место на табелата со пет бода повеќе од Зрињски. Велкоски полу-сезоната ја заврши со осум постигнати гола.
Последен пат Сараево биле шампиони на Босна и Херцеговина пред три сезони.