Фудбалскиот клуб Сараево во пресрет на утрешниот натпревар во финалето на купот на Босна и Херцеговина, одржа прес конференција, на која на новинарски прашања одговараше и репрезентативецот на Македонија Крсте Велкоски.
Главна тема на прес конференцијата, беше вчерашниот упад на хулиганите, на клупскиот тренинг. Велкоски, според информациите, меѓу последните го напуштил тренинг центарот „Бутмир“ откако полицијата ги растерала навивачите.
Босанските медиуми информираа дека најлошо поминал Душан Хоџиќ, додека „поштедени“ биле голманот Владан Ковачевиќ, дефанзивците Амер Дуповац и Хрвоје Миличевиќ, како и Андреј Џокановиќ.
„Се случи упадот, имавме разговор со група навивачи, успеавме се да решиме. Ништо повеќе не се случи. Не беше страшно“, рекол Велкоски и дополнил.
„Секој сака на први во месецот да добие плата. Не и прв пат платата да доцни кај нас. Кога ја освоивме дуплата круна, платите доцнеа три-четири месеци, сепак игравме. На крајот си ги добивме платите, добивме и премии. И сега ќе биде така“.
Противник на Сараево во финалето на Купот ќе биде шампионот Борац од Бања Лука.
Велкоски и соиграчите „јадеа ќотек“ на тренинг од „Орди на злото“