Top Sport

Велкоски со „мајсторија“ донесе победа за Сараево (видео)

Македонскиот интернационалец, Крсте Велкоски повторно беше човек на одлука на својот клуб Сараево, постигнувајќи го единствениот гол во 1:0 победата на „бордо тимот“ над Крупа во плеј-офот за титулата во Босна и Херцеговина.

Велкоски погоди во финишот на првото полувреме, за Сараево да победи по два порази во низа. Со триумфот Сараево останува на четвртото место во плеј-офот, со 43 поени, дури 14 пред првопласираниот Железничар.

Scroll to Top