Top Sport

Сасуоло ги уништи наполитанските надежи за титулата (видео)

Со секое наредно коло, шансите Наполи да успее да го стигне Јувентус и да стане шампион во Серија А изгледаат послаби, посебно откако на гостувањето кај Сасуоло, „партенопеи“ едвај спасија 1:1 реми.

Сасуоло дојде во водство по 22. минути игра, кога Политано, еден од фудбалерите кои Наполи сакаа да го земат во зимскиот преоден рок, им го загорчи животот на гостите. До поен, Наполи стигна во 80. минута кога Рожерио си постигна автогол. Милик имаше шанса да биде херој на гостите, кога со „ножички“ ја погоди пречката.

Јувентус вечерва игра во дербито со Милан и ако го добие мечот, ќе има четири поени предност на врвот на табелата.

Фото: ЕПА

Scroll to Top