Top Sport

Велкоски во стилот на Зидан, Сараево подобар од Вележ (видео)

Македонскиот голгетер на Сараево, Крсте Велкоски постигна прекрасен гол за да донесе на „бордо тимот“ победа од 1:0 на гостувањето кај Вележ во Мостар во 1/16 финалето на Купот на Босна и Херцеговина.

Сараево се мачеше против второлигашот сѐ до 58. минута, кога една одбиена топка дојде до нозете на Велкоски на работ на шестнаесетникот и тој постигна спектакуларен гол за пласман во осминафиналето.

Scroll to Top