Ријека на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски со сензационален пресврт успеа да избори пласман во финалето на хрватскиот Куп. Ријека против Осијек имаше негатива од 0:2, но на крајот успеа да победи со 3:2.
Дарко Велковски полу-финалето го започна од клупата за резерви, а на теренот влезе во 54 минута.
Претходно Осијек водеше со головите на Бочкај во 17 и 48 минута. Клучниот момент на натпреварот се случи во 56 минута кога Унгарецот Клајнхеслер го доби вториот жолт картон и мораше да ја напушти играта.
Ријека го намали резултатото преку Муриќ во 66 минута, во 73 од пенал израмни Чолак, а победата на екипата од „Рујевица“ им ја донесе Јатеке во 86 минута.
Ријека во финалето на 1 јуни во Шибеник ќе игра против Локомотива.