Фудбалерот на Верона, Мигуел Велосо вели дека било прекрасно да се победи Јувентус оваа сезона, бидејќи тоа го налутило неговиот сонародник Кристијано Роналдо.
33-годишниот Велосо беше капитен на тимот кој шокантно стигна до 2:1 победа на почетокот на февруари, во меч во кој Роналдо ги донесе Јуве во водство, пред Фабио Борини и Џампаоло Пацини да направат пресврт за импресивна победа.
„Да се победи Кристијано Роналдо? Прекрасно, бидејќи го познавам и знам колку мрази да губи. Да се види Кристијано лут беше навистина убаво, иако разговаравме по мечот“, вели Велосо на Инстаграм.
Верона имаа одлична сезона пред прекратувањето на лигата, со пласман на осмото место и Велосо вели дека ако сезоната продолжи тие одат на повисок пласман.
„Ова е мојата најдобра сезона, но не само поради мене, туку и поради моите соиграчи. Во Верона ми е прекрасно и се навикнав на овој живот“, вели Велосо.